Таравари предвидува „релативно жешко“ политичко лето

Арбен Таравари / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

„Летово ќе биде релативно жешко, со доста настани на политичката сцена во Македонија. Да видиме како ќе се одвиваат и според тоа ќе видиме кои ќе бидат и следните чекори и потези на Алијансата за Албанците (АА), најави лидерот на АА и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на „Телма“.

Според Таравари, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко треба од морални причини веднаш барем да поднесе оставка, откако беше вклучен на црната листа на САД. Но, секогаш, вели Таравари, ДУИ изнаоѓа формулација со која се наоѓа начин на одржување на темата „ни долу, ни горе“.

Тој нагласи дека постојат повеќе лица за кои постојат сомневања и мислам, како што рече, црната листа на САД ќе продолжи, но повика да дадеме време, периодот пред нас да излезат сите имиња што ги најавува, рече, амбасадорката.

„Има чудни и интересни настани во ДУИ како никогаш досега во изминатите 20 години од нивното постоење, но тоа се нивни внатрешни работи. Неспорно е дека има внатрешна десинхронизација во ДУИ, но дали АА помогна или катализира тоа да се случи и тоа е дел од работите што треба убаво да се анализираат“, рече Таравари.

Тој вели дека овој период во фокусот се уставните промени, но оти следниот период без разлика дали ќе има или не 80 пратеници за овие измени за кои се надева дека ќе се изгласаат, следниот чекор е да се разговара за одржување на избори, кога би се одржале претседателски и парламентарни избори.

„Мислам дека на земјава не ѝ треба луксуз за три месеци да има два пати избори и претседателски и парламентарни, без разлика дали парламентарните би биле предвремени во декември или ноември, или редовни во јуни или јули, а претседателски мора да има редовни, а тоа се крајот на март или почетокот на април. Јас мислам, се уште не сме разговарале со коалицискиот партнер, но и во партијата не сме ја отвориле оваа тема, меѓутоа рационално би било за државата што помалку трошоци да направи за избори. Не би био лошо да се размислува за опцијата втор круг за претседателски избори, да биде и датумот за одржување на предвремени парламентарни избори, што би биле предвремени само два до три месеци“, предлага Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот