ТАМАРА ПОВТОРНО БЛЕСНА: Овие нејзини зборови ги наполнија срцата на домаќините (ВИДЕО)

eurovision.tv

Нашата претставничка Тамара Тодевска настапи на сцената во Тел Авив, на 64-тото издание на „Евросонг“.

Таа како и во полуфиналната вечер, со многу емоции, истакнувајќи ги своите гласовни способности, ја изведе песната „Proud“.

Тамара уште еднаш покажа дека заслужува да обезбеди добар пласман, а тоа можеше да се слушне и види од реакцијата на публиката во салата.

На крајот од својот настап, нашата претставничка им се заблагодари на домаќините на нивниот јазик, со што уште повеќе доби поддршка од публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот