Талибанците уапсиле неколку девојки бидејќи биле нашминкани

Авганистан жена/Фото Yaghobzadeh Alfred/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Девојки од 16 години биле уапсени низ авганистанскиот главен град Кабул минатата недела поради кршење на правилата за хиџаб на талибанците, пишува Гардијан. Девојките, кои биле уапсени низ трговски центри, училници и улични пазари, се обвинети за „ширење лошо влијание и охрабрување на другите да носат несоодветно хиџаб“ и носење шминка.

Откако ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, талибанците дополнително го ограничија пристапот на жените до образование, вработување и јавни простори. Во мај 2022 година, тие декретираа дека жените мора да се покриваат од глава до пети, откривајќи ги само очите.

Девојчето, чиј идентитет е заштитен, а за целта на текстот Гардијан ја нарече Лале, рече дека талибанците ја уапсиле заедно со уште голем број девојчиња на час по англиски јазик и ја одвлекле во полициски камион. Таа сведочи дека девојките кои им се спротивставиле на мажите и одбиле да одат биле тепани, а таа била удирана додека се обидувала да им побегне. Нејзиниот татко подоцна бил жестоко претепан поради „одгледување неморални девојчиња“.

„Облеката ми беше чиста“, рече Лале. „Но, тие сепак ме тепаа, инсистирајќи дека мојата облека не е соодветна“.

За време на двата дена притвор, Лале слушнала навреди од талибанците кои постојано ги пцуеле како неверници, дека учат англиски и дека сакаат да заминат во странство.

Таа била пуштена по интервенција на локалните старешини и морала да потпише документ во кој се обврзувала да не излегува од дома без задолжително покривање на главата. Исто така и е забрането да посетува часови по англиски јазик.

„Ми беше забрането да одам на училиште кога талибанците ја презедоа власта во 2021 година, а сега не можам да одам ниту на приватни часови“, рече таа. „Нема ништо во мојата иднина освен да останам дома и да се омажам. Видов како го тепаа татко ми бидејќи одев на курс по англиски јазик. Кога ги видов неговите фотографии по враќањето дома, се плашев дека ќе го изгубам. После ова веќе немам мотив да учам. Немам сакам да го доживеам ова повторно“.

Забихула Муџахид, портпарол на талибанците, само рече дека таквите апсења „не се вообичаена практика“.

Притворите доаѓаат помалку од една недела откако Советот за безбедност на ОН побара специјален пратеник да работи со талибанците, особено за правата на жените. Талибанците го отфрлија овој предлог, тврдејќи дека тоа само ќе ја искомплицира ситуацијата со наметнување надворешни решенија.

Ферешта Абаси, истражувач во Хјуман рајтс воч, рече: „Апсењата на жените во Авганистан се дополнителен удар врз основните права на жените и може да биде застрашувачка и да изврши поголем притисок дури и врз жените кои сè уште работат во секторите за здравство, основно образование и исхрана и повеќе не би се појавувале во јавноста како порано“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот