Талент кампусот на Сараевскиот филмски фестивал е платформа за интензивна филмска обука

Талент кампусот на Сараевскиот филмски фестивал е платформа за идните филмски професионалци од Југоисточна Европа и Јужен Кавказ, во која секоја година се одбираат 55-65 кандидати за интензивна петдневна програма, која се состои од повеќе различни работилници за режисери, актери, сценаристи, новинари и критичари, како и обука со некои од водечките светски филмски професионалци.

Македонски претставници во програмата „Таленти Сараево“ оваа година се актерките Тамара Ристоска, Сара Анастасовска (која беше одбрана претходната година, но фестивалот се одржа онлајн) и Сабина Мемиши во сегментот „Acting studio“, Филип Мишов и Кристијан Фидановски се дел од работилницата „Talent press“, додека режисерката Сандра Ѓоргиева учествува во „Pack & pitch“.

– Секоја година сите работилници во програмата „Таленти Сараево“ ги мотивираат кандидатите да размислуваат на одредена тема. Овогодишната тема на програмата гласи – храброст, со цел да се направи осврт на фактот што во филмската, како и во многу други индустрии, се проткаени односи на моќ кои можат да доведат до разни форми на манипулација, полова нееднаквост, дискриминација и злоупотреба – објасни актерката Тамара Ристоска, која заедно со другите македонски претставници веќе замина за Сараево.

Сараево филм фестивал годинава се одржува од 13 до 20 август.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 93, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот