Тајната на успехот на Португалија со коронавирусот лежи токму во евтиниот лек кој многу ветува

epa08495709 Health workers (L-R), Cristina Teixeira, Raquel Queiros, David Andrade and Idalina Ramos pose in front of their portraits that are part of a mural at Sao Joao Hospital in Porto, Portugal, 19 June 2020. The artwork carved by Portuguese street artist Alexandre Farto, tag-named as VHILS, depicts the faces of ten healthcare workers and is a tribute to all medical and health workers who are looking after those in need amid the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/JOSE COELHO

Во раните прогнози на стручната јавност, Португалија е означена како жариште на коронавирусот и земја која ќе биде опустошена од епидемијата, но времето ги демантираше стручите прогнози, зошто со нешто повеќе од 38 илјади потврдени случаи и 1.1524 смртни исходи Португалија е земја со најмала смртност и најмал број на хоспитализации по глава на жител во ЕУ.

Ова го соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашинтон, а пренесува Си Ен Ен, а една од причините за релативниот успех на Португалија во борбата со смртносната епидемија би можел да биде користењето стероиди во терапијата на пациенти со тешка клиничка слика.

Најновите истражувања на британскиот Универзитет во Оксфорд покажаа дека користењето стероиди како дексаметазон во терапијата на тешки воспаленија на белите дробови може да ја намали смртноста кај хоспитализираните пациенти.

И СЗО вчера соопшти дека користењето стероиди во терапијата на пациенти исфицирани со коронавирус би можело да биде значаен исчекор во лекувањето на ковид-19.

Во меѓувреме, во лисабонскиот Универзитетски клинички центар лекарите веќе со месеци користат терапија со стероиди, тврди началникот на одделението за интензивна нега Нуњо Германо.

– Со примена на кортикостероиди, т.н. кортико-терапија забележавме подобрување на општата состојба на пациентите веќе после 3 дена и значајно опоравување на респираторните функции. Вештачкото вентилирање на пациентите кај не надминува 10 до 11 дена, посочува португалскиот лекар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот