Табадоа: Е. Пелистер е добар проект за мене, сакам да и помогнам на екипата да освојува титули

фото: Е. Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона, а меѓу новите ракометари се наоѓа и Кубанецот Реине Табадоа.
Табадоа смета дека настапите за Е. Пелистер ќе претставуваат одлична можност тој да се дефинира како ракометар и да му помогне на клубот да освојува титули.

Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да помогнам екипата да се искачи на првото место и да освојува титули.
Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина. Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дерби натпреварите против Вардар 1961 во домашната Суперлига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата – вели Табадоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот