СЗО: Во изминатите 24 часа се заразиле 427.000 луѓе со ковид-19 во светот

Фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Светската здравствена организација (СЗО) вечерва соопшти дека во изминатите 24 часа над 427.000 луѓе во светот се разболеле со ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 112,64 милиони.

Вкупно 2.501.229 милиони пациенти во светот починаа од почетокот на пандемијата.

Бројот на пациенти денеска е најголем во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот