СЗО: Случајот со вакцината на АстраЗенека е повик за тревога

АстраЗенека / Фото: EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Паузата што ја прави АстраЗенека со вакцината за коронавирусот откако на еден од учесниците во испитувањето се разболел, е „повик за тревога”, но тоа не треба да ги обесхрабри истражувачите, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Ова е повик за тревога за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени, рече научничката на СЗО, Сумија Сваминатан, на виртуелен брифинг во Женева.

– Не треба да се обесхрабруваме. Такви работи се случуваат, рече Сваминатан.

Светските влади очекуваат вакцината да помогне да се стави крај на пандемијата на Ковид-19, што предизвика повеќе од 900.000 смртни случаи и глобални економски превирања, а вакцината на АстраЗенека што се развива со универзитетот Оксфорд СЗО ја окарактеризира како  најперспективна.

Сепак, производителот на лекови оваа недела ги прекина тестовите во доцна фаза, откако на учесник во Велика Британија заболел од невролошки симптоми. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот