СЗО предупредува: Не користете Ибупрофен ако сте заразени со коронавирус

Фото: Профимедиа

Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот коронавирус не треба да земаат Ибупрофен, без да се консултираат со лекар. Тоа го соопшти СЗО фокусирајќи се на студија за можен негативен ефект од тој лек, јави ДПА

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека претходните студии не откриле врска на ибупрофен со зголемено ниво на смртност, но додаде дека експертите во моментов вршат испитување.

– Доколку сами се лекувате препорачуваме Парацетамол, а не Ибуипрофен, нагласи тој. Изјавата беше дадена откако француски експерти предупредија за несакани последици од употреба на ибупрофен, аспирин и други лекови против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот