СЗО: Последиците од пандемијата врз менталното здравје ќе бидат долгорочни

Светска здравствена организација предупреди дека влијанието на пандемијата врз менталното здравје ќе биде долгорочно и далекусежно.

Предупредувањето уследи откако експертите и лидерите повикаа на акција против вознемиреноста и стресот предизвикани од  Ковид-19.

– Сите се погодени на еден или друг начин. Грижата за пренесување на вирусот, психолошкото влијание од затворањето и самоизолацијата придонесоа за кризата во менталното здравје, заедно со стресот поврзан со невработеноста, финансиските грижи и социјалното исклучување.  Ефектите од пандемијата врз менталното здравје ќе бидат долгорочни и со трајни последици, се нагласува во соопштението на СЗО објавено на почетокот на дводневниот состанок во Атина со министрите за здравство од десетици земји.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге истакна дека менталното здравје треба да се смета за основно човеково право, додавајчи оти Ковид-19 уништил многу животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот