СЗО покрена кампања за откажување од пушењето

Фото: МИА

Светска здравствена организација почна кампања за помош на повеќе од една милијарди луѓе да се откажат од цигарите и на тој начин ќе се намали ризикот од заразување со новиот коронавирус.

– Целта на кампањата е да им се помогне на 1,3 милијарди пушачи да се откажат од лошата навика. Во рамките на иницијативата луѓето ќе можат да се добијат неопходна помош, на пример замена за никотинот, а ќе имаат пристап и до дигиталниот доктор „Флоренс”, кој ќе дели совети, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус.

Тој додаде дека од пушење умираат осум милиони луѓе секоја година.

– И науката докажа дека пушачите се многу поранливи на Ковид-19, истакна Гебреисус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот