СЗО: Многу добро да се размисли пред да започне ублажувањето на мерките

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон ќе биде доминантен на почетокот на 2022 година/ Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге изјави денеска дека ширењето на вирусот Ковид-19 во Европа е многу загрижувачко и ги повика владите многу добро да размислат пред да започнат со ублажување на преземените мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

– Драматичното зголемување на случаите останува многу загрижувачка слика во Европа. Многумина од нас едвај чекаат да го слават Велигден, но ова не е време да го спуштиме гардот. Мораме да се бориме, рече Клуге.

Во однос на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека СЗО е насочена кон Кина и дека ќе размисли да го укине нејзиното финансирање, Клуге рече дека во период на пандемија „не е време да се укине финансирањето”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот