СЗО: Кина не ги сподели податоците за настанокот на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека инспекторите кои во Кина го истражувале потеклото на коронавирусот, не добиле пристап до сите податоци за првиот ден од ширењето на вирусот. 

Инспекторите на СЗО во Вухан, во март годинава, заедно со Кинески научници четири дена истражуваа за потеклото на вирусот, дознавајќи дека тој всушност бил пренесен од лилјаци на луѓе, преку различни животни. 

„Ја повикуваме Кина да биде транспарентна и отворена за соработка. На милионите луѓе кои се заразени и на оние кои загинаа од вирусот им ја должиме информацијата за тоа што всушност се случило“ изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреијус, на денешната конференција за новинари. 

Теоријата според која вирусот е створен во лабораторија во Вухан беше апсурдно исфрлена од страна на Кина, тврдејќи дека таквото размислување е грешно. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот