СВР Велес подготвен за претстојниот празничен викенд

Велес/илустрација

Коцевски информира дека во наредните денови пациентите од Велес кои се на Инфективната Клиника во Скопје, а кои имаат два негативни резултати треба да бидат испишани како оздравени.

СВР Велес на денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување  најави дека  има изготвено оперативен план за дејствување на време на викендот и за муслиманскиот верски празникот Рамазан Бајрам, а  за што тие веќе извршиле разговори со оџите во Велес и велешко, информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека меѓу вработените во СВР Велес нема заразени од Ковид-19,  а има едно лице заболено кое живее на територија на Општина Велес, а е по потекло од Општина Градско, но е од Единицата за брзо распоредување, а не вработен во СВР Велес.

Инаку во Велес во изминатите 24 часа нема регистрирано нов случај на Ковид-19,  а има тројца излекувани пациенти. Активни се 49 лица, од кои на домашно лекување се 29 пациенти, а на Инфективното одделение при велешката Општа болница 16 пациенти, а осум велешани  се на лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Коцевски информира дека во наредните денови пациентите од Велес кои се на Инфективната Клиника во Скопје, а кои имаат два негативни резултати треба да бидат испишани како оздравени.

Коцевски апелира до граѓаните дека иако во изминатото деноноќие нема новорегистриран со Ковид-19 во Велес,сепак советува граѓаните да не се опуштаат премногу и да ги почитуваат препораките од Владата и здравствените работници да носат заштитни маски и останатите превентивни мерки.

Тој апелира до граѓаните да држат растојание од два метри и да не се групираат во парковите и другите рекреативни центри и да избегнуваат семејни прослави и групирања,  а за да го спречат  ширењето на Ковид-19 во Велес, со цел  за да го зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот