Светските лидери им посакаа брзо опоравување на Доналд и Меланија Трамп

меланија доналд трамп
Меланија и Доналд Трамп/ Фото: Profimedia

Повеќе светски лидери утрово реагираа на веста дека американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се позитивни на коронавирус.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, му посака на Трамп брзо опоравување од коронавирусот, поради кој и тој мина неколку дена во април на одделот за интензивна нега во болница во Лондон.

Зборувајќи на конференциски повик со новинари, денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Секако му посакуваме на претседателот Трамп брзо закрепнување”.

Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира и кога тоа ќе го направи, Кремљ ќе објави соопштение.

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, исто така им посака на Доналд и Меланија Трамп „брзо закрепнување”.

Министерството за надворешни работи на Тајван испрати „најдобри желби” од „народот на Тајван”.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека Ковид-19 е „битка која сите продолжуваме да ја водиме”.

И турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган посака брзо оздравување на Доналд и Меланија Трамп.

Американскиот претседател утрово објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот