СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА: Одбележување на денот со мал концерт во Филозофскиот факултет во Скопје

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 16-ти пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, секоја година се одбележува третиот четврток од месец ноември, и се слави низ целиот свет, со фокус на филозофијата и нејзините придобивки.

Годинашното чествување на Светскиот ден на филозофијата ќе биде отворено со пригоден мал концерт на трио гитари од Факултетот за музичка уметност (м-р Дарко Багески, професор на класата, и студентите: Ѓорѓи Трајков и Виктор Драганов).

По концертот ќе следува традиционалната Беседа за филозофијата, годинава со проф. д-р Владимир Давчев, професор на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје, кој ќе говори на тема „Треба ли да стравуваме од вештачката интелигенција: филозофски дилеми”. Во продолжение ќе бидат презентирани резултатите од проектот на Институтот за филозофија: „Теориска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (Филозофија, Логика, Етика, Естетика) за средно образование” од страна на неговите носители: вонреден професор д-р Јасмина Поповска, проф. д-р Дејан Донев и вонреден професор д-р Марија Тодоровска. Непосредно потоа ќе има промоција на 25. издание на националното филозофско списание „Филозофска трибина” за кого пригодна промотивна рече ќе одржи проф. д-р Мирко Ѓошевски.

Централен настан на прославата ќе биде симпозиумот на тема „Човекот како мера: 2.500 од раѓањето на Питагора” во кој во две блок сесии ќе земат учество 14 реномирани филозофи, професори и истражувачи од земјата и странство : акад. Витомир Митевски, проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, докторанд м-р Слободан Марковиќ, проф. Љубомир Гајдов, м-р Душица Ѓокиќ, проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, вонр. проф. д-р Марија Тодоровска, емеритус проф. д-р Самуел Садикарио, вонр. проф. д-р Ана Кечан, и д-р Симо Георгиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот