Фото: „Слободен печат“

Светна скопски Центар со новогодишни сијалички – украсувањето на градот чини 70.000 евра

Светнаа новогодишните светилки во скопски Центар, иако новогодишното украсување на Скопје доцни во однос на роковите предвидени со договорот што Град Скопје го потпиша со фирмата „Линк медиа плус“.

Според договорот, украсувањето на сите локации опфатени со тендерот требало да биде завршено најдоцна до 15 декември.

Договорот за новогодишното украсување го потпиша Град Скопје со фирмата „Линк медиа плус“, а неговата вредност изнесува 3.620.000 денари без ДДВ, односно 4.271.600 денари со ДДВ, што е околу 70.000 евра.

ВИДЕО | Забрзано се монтира елката на плоштад, попладнево треба да светне

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот