Супер стартот го мотивираше Миовски: Сакам да бидам најдобар стрелец во Шкотска

Aberdeen FC

Бојан Миовски е нашиот најефикасен напаѓач на клупски план. Два гола Миовски за Абердин постигна и за викендот со што дојде до бројката од седум гола во шкотската Премиер лига.

Македонскиот напаѓач е помеѓу најдобрите стрелци во Шкотска, второто место го дели со Кијого Фурухаши , пред него е само Антонио Чолак од Ренџерс со еден гол повеќе. Кога вака ја започна сезоната Миовски не крие дека неговата цел е да биде најдобар стрелец во Шкотска.

„Целта ми е да бидам најдобар стрелец во Шкотска. Секој напаѓач сонува за такво нешто, постигнувањето голови ве турка напред. Стилот на игра на Абердин ми се допаѓа, ги анализирав пред да дојдам и очекував да постигнувам голови тука. Играме офанзивно со многу напади, а тоа секако ми одговара“.

После само неколку одиграни кола тој стана вистински миленик на навивачите. Во текот на натпреварите се скандира неговото име, а му посветија и песна.

„Навивачите ми се огромна мотивација, уживам во односот со нив. Се надевам дека ќе продолжам да ги радувам. Убаво е да сте помеѓу најдобрите стрелци, постигнав два на овој натпревар, можев уште некој од шансите кои ги имав, но и патував многу“, изјави Миовски по натпреварот.

Миовски беше дел од репрезентација во последниот квалификациски циклус во кој игравме против Грузија и Бугарија, од првата минута ги стартуваше и двата на натпревари, но не се запиша во листата на стрелци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот