Султанот на Брунеј ја врати дипломата од Оксфорд

EPA/ROLEX DELA PENA

Хасанал Болкија, авторитарниот лидер на Брунеј, земја богата со гас и нафта, ја врати почесната диплома од универзитетот во Оксфорд откако се соочи со критики за најавената смртна казна во Бруени за хомосексуалците.

Околу 120 илјади луѓе ја потпишаа петицијата од април која повикуваше Оксфордскиот универзитет да му ја одземе почесната диплома од правни науки која универзитетот му ја додели на султанот во 1993 година. Петицијата беше поддржана и од Џорџ Клуни и Елтон Џон.

Додека Оксфордскиот универзитет ја разгледуваше петицијата, султанот одлучил да ја врати дипломата на 6 мај.

– Како дел од процесот во кој ја разгледувавме иницијативата за одземање на почесната диплома, на 26 април го известивме султанот и побаравме од него став околу ова. Султанот ни возврати со неговата одлука да ја врати дипломата – соопштуваат од светски реномираниот универзитет.

Мала држава во Југоисточна Азија, Брунеј, се соочи со критики откако интерпретираше делови од Куранот и ги претвори во закон со кој се казнува содомија и силување со каменување до смрт.

Откако се соочи со големи критики, султанот, на почетокот од овој месец ја одложи одлуката за воведување на смртната казна.

Како резултат на воведувањето на смртната казна за хомосексуалност, туристичките агенции ширум светот престанаа да го нудат Брунеј како дел од својата понуда за патување а компании ги бојкотираа хотелите низ светот кој се во сопственост на принцот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот