Судот во Њујорк одби да го блокира изрекувањето на пресудата за Трамп
Највисокиот суд во американската сојузна држава Њујорк денеска одби да го блокира изрекувањето на пресудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во судскиот процес околу исплати на Сторми Дениелс, поранешна актерка во филмови за возрасни, пренесува N1.
Препорачано
Денешната одлука на Апелацискиот суд во Њујорк значи дека Врховниот суд на САД е последната опција на Трамп во обидот да го спречи утрешното изрекување на пресудата.
Адвокатите на Трамп вчера побараа од Врховниот суд на САД да го откаже неговото сослушување на пресудата, закажано за 10 јануари.
Тие поднесоа жалба до највисокиот суд откако њујоршките судови одбија да го одложат изрекувањето на казната во судскиот процес во кој Трамп беше прогласен за виновен во мај 2024 година за фалсификување деловни книги поврзани со исплата на 130.000 долари на Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, за таа да не зборува јавно за нивната афера.
Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги опиша како политички мотивирани.
Адвокатите на Трамп тврдат дека изрекувањето казна ќе го наруши преземањето на Трамп во време кога тој се подготвува да се врати во Белата куќа на 20 јануари.


