Судот одлучи: Патките победија!

Фото: Профимедиа

Патките на една мала француска фарма ќе можат да продолжат со квакање, пресуди судот и ја отфрли тужбата на соседот дека квакањето на патките му го прават животот мизерен, пренесе Б92.

Судот во Дакс пресуди дека звуците кои ги произведуваат шеесетина патки и гуски на пензионираниот фармер Доминик Доут во подножјето на Пиринеите на југозападот на Франција се на прифатлива граница, објави France 3.

– Патките победија. Многу сум среќен, бидејќи не сакав да ги ликвидирам своите патки – рече Доут за „Ројтерс“.

Тужбата ја поднесе соседот на Доут кој пред една година, од градот се преселил на имотот кој е оддалечен педесет метри од местото кадешто живее јатото.

Овој случај е последниот во низа судски спорови во кои со „модерните вредности“ се обидува да се поткопа традиционалниот начин на живот во рурална Франција, за што локалните жители ги обвинуваат доселениците од градовите.

Пред два месеци, судот му дозволи на петелот Морис да кукурика во раните утрински часови, и покрај жалбите на соседите, кои исто така од поголем град се преселиле во рурална средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот