Субвенционираните плати отворија нови 1.346 работни места

Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници. Затоа, Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.

Пазарот на труд функционира и покрај економските предизвици, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување “Субвенционирање на плати“ , за која компаниите покажаа исклучителен интерес, се вели во денешното соопштение од МТСП.

– Агенцијата за вработување досега распиша два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на месец мај. Досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa, велат од ресорното министерство.

Финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари.

Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12-месечна.

Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице, а со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци.

Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници. Затоа, Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот