Суарез „потврди“ дека ќе си оди од Барса!

фото: fcbarcelona.com

Луис Суарез моментно се наоѓа во Уругвај каде што има репрезентативни обврски и воедно имаше интервју за тамошниот „Овасион“ во кое ги откри плановите за иднината и неговата сегашна ситуација во Барса.

Наскоро ќе наполни 33 години и дека влегува во последните години на својата фудбалска професионална кариера, но се надева дека ќе добие шанса за настап на Светското првенство 2022 година во Катар.

– Не е лесно да се игра за Барселона, а особено не е лесно да се игра пет години по ред. Барањата се страшно високи, секои три дена поминувате низ тестови, нема одмор и не ви „простуваат“ лоши натпревари. Ќе дојде време кога ќе морам да си заминам од Барселона, но додека можам да играм и имам конкуренција, ќе бидам добар – рече Суарез.

Сезонава во дресот на каталонскиот клуб во шпанската „Ла Лига“ има 10 натпревари и шест голови. Пред да се пресели на „Камп Ноу“, четири сезони ги бранеше боите на Ливерпул, четири во Ајакс, по една во Гронинген и Насионал.

Моментно важечкиот договор со Барселона му истекува на 30 јуни 2021 година, со вредност од 50 милиони евра според „Трансфермаркт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот