Стручна книга: Значењето на односите со јавноста согледано од новинарката Каролина Мицевска

Новинарката Каролина Мицевска, вработена во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ја објави својата прва стручна книга „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“.

– Односите со јавноста придонесуваат да се проектира, да се креира имиџот на една институција или, пак, на една личност пред јавноста. Тоа е двонасочен процес во кој пораката се пренесува до публиката, но мора да се има и повратен процес, пред сѐ, заради практичноста во работата. Последните години голем замав во интернет-комуникацијата зазедоа социјалните медиуми (социјални мрежи) кои се збир од многубројни канали за комуникација, интеракција меѓу повеќе луѓе кои, пак, можат да споделуваат најразлични содржини и во исто време да соработуваат.

Каролина Мицевска

Онлајн комуникацијата преку социјалните медиуми го креира јавното мислење, односно придонесува за покренување на одредени активности кај граѓаните за најразлични прашања. Освен тоа, социјалните медиуми сѐ почесто се користат во односите со јавноста од страна на практичарите. Ова беше главната причина за изработување на книгата, која е резултат на мојот претходно одбранет магистерски труд. Односите со јавноста и социјалните медиуми имаат големо влијание врз јавното мислење, кое е клучно за креирање ставови – вели авторката Каролина Мицевска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 50, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот