СТРАШНО: Крвава борба меѓу кучиња во Косово, снимена и објавена на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Принтскрин

Борба меѓу кучиња била снимена и објавена на социјалната мрежа Фејсбук, иако такво нешто е забрането со закон.

Едно лице напишало во групата “Косова јагтерриерр“, објавувајќи ја победата на кучето.

„Победи малиот Тим со 32 минути борба иако противникот му беше 45 сантиметри“, напишал тој информирајќи дека по извесно време ќе биде објавено видео од оваа борба.

На сликата објавена од овој корисник, се гледа „победничкото“ куче со крвава уста.

Газета Експрес јавува дека не се дадени повеќе детали околу оваа организирање, но дека друштвата за заштита на животни, но и владините институции во Косово, постојано повикуваа оваа појава да биде прекината.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот