Столтенберг му порача на Хоти: Дијалогот единствен начин до трајно решение

Јенс Столтенберг
Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/ Фото: Архива на Слободен печат

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговараше денеска со косовскиот премиер Авдулах Хоти, за како што наведе, значењето на мисијата КФОР за зачувување на безбеднсота, борбата против ковид-19 на Косово и дијалогот Белград – Приштина.

– Го поздравувам напредокот во дијалогот Белград – Приштина со посредство на ЕУ како единствен начин да се постигне трајно политичко решение, напиша Столтенберг на Твитер.

Хоти на својот Твитер наведе дека во разговорот му се заблагодарил на Столтенберг за посветеноста на КФОР кон мирот, безбедноста и давањето помош во пандемијата од ковид-19 на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот