ВИДЕО | Стојкоски: Политиката на САД става јасно до знаење дека враќање назад од Договорот од Преспа не може да се случи

НАТО Самитот не е цел сам за себе, но е цел да се види како сојузниците ќе разговараат за стратешките определби на Алијансата за иднината, кои ќе бидат приоритетите на кои што ќе се фокусирраат, како ќе се справуваат со современите закани, така што има многу теми за кои веројатно ќе зборуваат. Она што нас не засега се последниот развој на политиките внатре во САД и позицијата на Бајден во однос на приоритетите, борбата против корупцијата, односите со Русија, стабилизирањето на регионот на Балканот и Југо-источна Европа. Вториот интерес е натамошниот развој на односите со Бугарија, изјави за Утрински брифинг Андреја Стојковски од Институтот „Преспа“.

– Не очекувам дека ќе се решат сите проблеми, како што не се решија ниту на патувањето на Пендаровски и Радев во Рим, но контактите на високо ниво, во овој момент создаваат доверба меѓу двете страни. Мислам дека после еден многу долг период на дискусија преку медиумите во кој што разговоара пред се граѓаните и некои други учесници, создаваа анимозитет меѓу двата народи и мислам дека ова е начинот да се продолжи понатаму и да се гради еден вид на доверба.

Она што треба да го имаме во вид е дека вистинското име на Договорот беше Договор за конечно надминување на спорот помеѓу двете држави околу името на државава и за содавање и креирање на стратешко партнерство. Промената на името беше еден чекор кој што требаше д абиде преземен. Создавањето на стратешко партнерство е процес кој ќе продолжи да трае веројатно до недоглед, се додека државите имаат волја за тоа и таму секогаш ќе може да се работи повеќе, да се надоградува приајтелството или партнерството во различни области. Од аспект на создавањето на стратешкото партнерство, постои една долга листа на Меморандуми за соработка и разбирање помеѓуи двете држави потпишани во различни области, одлуки за содавање на работни групи во повеќе области.

Знам со сигурност дека беше коституирана работната група која што требаше да го гледа користењето на трговските марки, така што добар дел од процесот и од имплементацијата на Дооговр од Преспа е направено, се прави и ќе продолжи да се прави и во идинина. АКо добро се сеќавате кога се преговараше Договорот, кога го објаснуваа на крајот, нашите министри и премиерот посочуваа дека дел од имплементацијата ќе следи дополнително со моментот на преговарањето за пристапување во членството во ЕУ и со конечното користење на новот уставно име во различнит еобласти, однсоно како што ќе се затвораат преговорите. Во однос на користењето на името и придавките Договор е многу јасен. Ниту една органиација основана како Здржение на граѓани се додека не користи средства од државата нема обврска да го прилагодува користењето на уставнот име или користењето на името Македонија во своите настапи, кратенки итн.

Основањето на ФФМ е напрвено врз основа на тој Закон за здруженија и фондации. Ако ФФМ не добива срредства од државата тогаш нема обврска да го користи името. Придавките се многу јасни – тоа е репрезентација на Северна Македонија, но може да биде и македонска фудбалска репрезентација и тоа е добро, прецизно регулирано кога се користи македонски, когасе користи Северна Македонија. Не може да биде северно-македонска фудбалска репрезентија, тука е Договорот повеќе од прецизен и на крајот меѓународниот код кој што се користи беше прифатен уште по осамостојувањето, тоа е кодот МКД кој што го користи УЕФА во презентирањето на државата, тоа е прифатено и со Договорот, само за регистарските таблички на возилата беше договорено да бидат NMK, отааму не гледам зошто би држела интервенциајта. Претпоставувам дека промената на владата во Грција во некои периоди ќе прави неккави интервенции и приговори, за да остане доследна на политиките кои ги посочувала, но Договорот од Преспа е завршена работа, тука враќање назад нема – вели Стојковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот