Стоилов: Нашите голмани не се на потребното ниво

В недела од 17.00 часот пред полните трибини во СЦ „Јане Сандански“, македонскиот и европски шампион Вардар ќе го одигра последниот натпревар за годинава во Лигата на шампионите.

Веќе три меча по ред „црвено-црните“ не знаат за триумф во групната фаза, но ќе се обидат да ја прекинат негативната серија викендов со триумф над Веспрем.

Ова ќе биде реприза од финалето во ЛШ од ланската сезона, иако сега ситуацијата од играчки кадар не е баш сјајна во редовите на нашиот првак, покрај тоа што си заминаа и играчи пред почетокот на сезоната.

– Сите играчи кои ги имам на располагање мислам дека ќе бидат добро подготвени за натпреварот против Веспрем. Со голема поддршка од публиката ќе се обидеме со победа да ја надминеме оваа криза. Нема доволно играчи за да играме одбрана 6-0. Дисингер се оперираше, можеме само со одбрана 5-1. Не може да се импровизира во одбраната и да се поставуваат играчи на позиции каде што никогаш не играле.

И капитенот се надева на позитивен резултат, иако е доволно е свесен каде е проблемот поради лошите резултати сезонава.

– Очекуваме еден тежок меч, знаеме каква е ситуацијата со составот. Веспрем е фаворит, да не се лажеме. Наше е да се бориме и да не ја разочараме публиката. Скоро сите влечеме некоја повреда, играме со тие што ги имаме. Нормално е во ракометот да немаме силна одбрана, но реално голманите не се на потребното ниво – вели ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Да додадеме уште дека германскиот интернационалец Кристијан Дисингер вчера направи операција на менискусот на коленото (слично како Стоилов) и првите најави се дека ќе паузира околу 4-5 месеци, а тоа би значело и евентуален крај на сезоната за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот