Стоилов: Наше е да победиме против Мешков Брест

rkvardar.mk

В недела од 17.00 часот македонскиот и европски шампион ќе го игра својот шести натпревар сезонава на домашен терен против Мешков Брест во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

После високите порази од Кил во главниот град и Веспрем во Унгарија, атмосферата се наруши кај „црвено-црните“ и се постави прашањето дали овој состав што е на располагање може да направи уште еден историски подвиг со пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Екипата се „рехабилитираше“ со триумф над кинескиот Пекинг во СЕХА лигата, а Мешков Брест е одлична шанса уште повеќе да се подобри расположението кај играчите на тренерот Едуард Кокшаров пред своите верни навивачи.

– Мешков има добри играчи и тоа го докажа на досегашните натпревари. Наше е максимални да бидеме подготвени, да одиграме една добра партија и секако да оствариме победа. За некакви промени во клубот ќе биде потребно повеќе, не можат работите за краток период да се свртат кон посакуваниот правец. Се договоривме да продолжиме во ист стил, а тоа е да размислуваме само на победа – вели Кокшаров.

Додаде дека во текот на денот ќе добие информации од лекарите дали Атман и Горпишин ќе ги има на располагање за неделната пресметка. Стоилов со тек на време се опоравуваш, ќе биде потребно да влезе во натпреварувачки ритам, но ќе биде подготвен за настап, прв официјален сезонава.

– После тешките порази од Кил и Веспрем, следува дуел со Брест. Знаеме дека имаме проблеми со повреди кај ракометари. Не е познато до крај кој ќе настапи, но наше е да се бориме и секако да се обидеме да триумфираме – се зборовите на капитенот Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот