Стил на неделата: Олга Костовска, претседател на надзорен одбор на „Еуролинк осигурување“

Вики Чадиковска, маркетинг директор на Државна видеолотарија на Македонија, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е Олга Костовска, претседател на надзорен одбор на „Еуролинк осигурување“.

– Стилот не е само парче облека. Тој е дефиниција по која ја паметиме една личност. Токму поради овие нешта, многу ми се допаѓа стилот на Олга. Единствена и препознатлива, Костовска со својот стил, на еден мошне интересен начин, гради култура од својата личност околу нејзината претстава во јавноста. Не е важна пригодата, таа е секогаш своја, па дури и кога оди да ја среди својата фризура.

Мојот впечаток е дека преку нејзиниот стил може да го препознаете и нејзиното расположение, но и пораката, која таа сака да ја долови. Безвременска женственост е одликата која зрачи од секое нејзино појавување. Олга точно знае да го истакне она што го поседува, крупните очи, беспрекорно уредената фризура, дури и кога одбира лежерни изданија, а личната визура ја надополнува со нејзината прекрасна насмевка.

Начинот на кој ја носи облеката говори дека станува збор за личност која точно знае што сака. Силна и сензуална, префинета и уникатна, храбра со прецизна замисла за реализација на нејзините идеи, вели Чадиковска.

Вики Чадиковска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот