Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY/POOL

Стигна и руската честитка: Путин му ја честиташе победата на Вучиќ

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на претседателските избори на Александар Вучиќ. Тој во честитката наведе дека се надева на „стратегиско партнерство со Србија“, јавува новинската агенција Франс Прес.

Националната српска изборна комисија денеска соопшти дека со изброени 87,7 отсто од гласачките ливчиња, Вучиќ добил 59,5 отсто од гласовите што е доволно за да избегне вториот круг со неговиот најблизок конкурент, опозицискиот кандидат Здравко Понос, кој заостанува на второто место со 17,5 отсто.

На истовремените парламентарни избори СНС водеше со 43,4 отсто, додека нејзиниот долгогодишен коалициски партнер Социјалистичката партија на Србија е на трето место до 11,7 отсто.

Вучиќ во синоќешното телевизиско обраќање веќе прогласи победа. Вучиќ е претседател од 2017 година, а претходно беше премиер. Неговата партија е на власт од 2012 година.

Тој изјави дека ќе остане на курсот на балансирање на аспирациите за членство на земјата во Европската унија со блиските и развојни врски на Белград со Москва и Пекинг.

„Ќе ја одржиме политиката што е важна за Европејците, Русите и Американците, а тоа е воената неутралност“, изјави синоќа Вучиќ.

Светските медиуми пишуваат дека дополнително на цврстите односи меѓу Москва и Белград, влијае и тоа што Кремљ го поддржува и ставот на Србија кон Косово со блокирање на членството на Приштина во Обединетите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот