Фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Стевановиќ не успеа да го надополни поразот на Ѓоковиќ, Србија елиминирана од Јунајтед Купот

Наталија Стевановиќ не успеа да го надополни поразот на Новак Ѓоковиќ и загуби од Ајла Томијановиќ со што Србија доживеа елиминација од Јунајтед Купот во Австралија.

Домашната тенисерка убедливо ја совлада српската репрезентативка која освои само два гема за нешто повеќе од еден час игра.

Стевановиќ на теренот излезе како замена за Олга Даниловиќ која поради замор му откажа на селекторот Виктор Троицки. Австралијанката одлично сервираше и доминираше на теренот, па Стевановиќ немаше никакви шанси.

Србија ги загуби шансите да се пласира помеѓу најдобрите четири селекции на турнирот и учеството го завршува во четвртфиналето. Австралија од друга страна во полуфиналето ќе игра против Германија.

Ѓоковиќ по шест години загуби во Австралија, Де Минор донесе водство за домаќините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот