Стејт департментот за протестите во Србија: Насилството е неприфатливо

Фото: Твитер

Американскиот Стејт департмент ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата за наводите за изборни нерегуларности, нагласувајќи дека насилството врз новинарите, набљудувачите и учесниците на изборите е неприфатливо, како и дека легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите учесници да ја прифатат изборната волја.

„Фокусирани сме на соработката со Србија за зајакнување на демократската влада и владеењето на правото, подобрување на регионалната соработка, продолжување на економскиот раст и забрзување на напредокот на Србија на патот кон членство во Европската унија. Иднината на Србија е на Запад“, сопшти Стејт департментот, во писмениот одговор на прашањето на Гласот на Америка за новите протести во Белград, кои вчера прераснаа во насилство.

Во соопштението за печатот уште еднаш се поздравуваат „прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ ОДИХР дека изборите на 17 декември им понудија на гласачите избор на политички алтернативи“.

„Со загриженост ги забележуваме наодите на ОДИХР дека изборите беа нарушени со бројни процедурални пропусти, притисоци врз јавните службеници и злоупотреба на јавни ресурси и дека овие фактори, заедно со системските предности на владејачката партија, создадоа нефер услови. Соединетите Држави ја повикуваат Србија тесно да соработува со ОБСЕ за да ги реши овие проблеми“, се вели во соопштението што го пренесе Гласот на Америка.

Стејт департментот вели дека наводите за нерегуларности, „пријавени од ОДИХР и други тимови за набљудување на изборите“ треба да бидат истражени.

„Насилството насочено кон изборните тела, новинарите и акредитираните набљудувачи е неприфатливо. Партиите треба да пријават инциденти на изборни нерегуларности преку соодветни правни канали. Легитимитетот на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите партии, без разлика дали ќе победат или ќе загубат, да ја почитуваат волјата на народот изразена на гласањето“, се заклучува во одговорот на Стејт департментот.

Надзорниот одбор за изборната кампања го отфрли предлогот изборите во Србија да се оценат како нерегуларни

Србија против насилство: Вучиќ против граѓаните испрати специјални единици кои употребија брутална сила

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот