Стејт департмент: Прогонот на Навални ќе влијае на политиката на САД кон Русија

Стејт Департмент САД/ Фото Архива на Слободен Печат

Апсењето и затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални ќе биде еден од факторите при креирање на идната политика на САД кон Русија, изјави синоќа Џенифер Псаки, портпарол на Белата куќа. Слична порака испрати и Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот

Псаки потврди дека разузнавачите на САД, по наредба од претседателот Џо Бајден, во моментот работат на сеопфатен извештај за сите незаконски дејства направени од Москва во последно време

Под тоа се подразбираат масовните хакерски напади, вмешаноста на Москва во американските избори во 2020 година, примената на хемиско оружје против Навални и наводните награди за американски глави во Авганистан. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот