ТРИ е првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик/ Фото: Фејсбук

Стефоска: „Три“ е првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица

ТРИ е првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик, напиша министерката за култура на својот фејсбук профил Ирена Стефоска.

Претставата е работена по легенда од Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а главна тема се еколошките проблеми на денешницата. Еко-катастрофата која се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата, пишува Стефоска.

Во претставата актерите паралелно зборуваат и го користат и знаковниот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот