Стефанова: Нема да конкурирам за местото на Јанева

Јавната обвинителка Лиле Стефанова смета дека има овластување да ја води постапката по предметот „Титаник”, но и дека треба сериозно да се погледнат укажувањата на одбраната изнесени на денешното рочиште.

Стефанова, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник” на СЈО, каде таа е застапник на обинението, посочи дека одбраната не побарала изземање на неа или на Катица Јанева, туку изнела повеќе околности заради кои бара прекинување на расправата.

– Сметам дека сите тие укажувања треба сериозно да се размислат и да ги погледнеме. Колегиумот на јавни обвинители во СЈО да ги разгледа и да донесеме заеднички заклучок како понатаму ќе постапуваме. Денеска не беше побарано мое изземање. Не беше побарано изземање на Катица Јанева, туку беше побарано прекин на постапката – изјави Стефанова.

Прашана дали обвинителката Елизабета Јосифовска има право да ја менува Катица Јанева, Стефанова, рече дека таа нема такви права.

– Во судница нагласив. Јас лично сметам дека имам овластување да ја водам постапката и денеска да постапувам, меѓутоа сакам да дадам простор да размислиме убаво и да видиме што понатаму – изјави Стефанова.

Од старт се оградував од Јанева и треба да бидеме горди на расчистувањето на криминалот истакна  Стефанова.

– Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелирам политичарите да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство – рече Стефанова пред новинарите и додаде и дека таа нема намера да конкурира за местото на Јанева.

Прашана дали се следи имотот на Јордан Камчев и дали има одмрзнувања, Стефанова, нагласи дека се е замрзнато и ништо не одмрзнато.

– Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев, како претходно управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент – изјави Стефанова.

Во однос на информациите дека Камчев е во соседна Бугарија, Стефанова, кажа дека нема овластување да побара каде е Јордан Камчев и повторно побара побрзо носење на Закон за јавно обвинителство.

– Во овој момент редовното јавно обвинителство не може да преземе ништо во дејствијата од предметите на СЈО. Таков е законот – изјави Стефанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот