Стартува ракометната еуфорија: Силната Норвешка прв предизвик за момците на Лазаров!

Фото: РФМ

Повторно и овој јануари Македонија ќе живее во духот на ракометот. Единаесетта година по ред Македонија е дел од голем ракометен настан, сега момците предводени од Кире Лазаров ги чека настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Во првиот натпревар на патот ни стои силната Норвешка која е и една од репрезентациите фаворити за највисок пласман. Ние ќе се спротиставиме со подмладена репрезентација каква што сме немале во последние 20 години.

Ракометните експерти најавуваат дека токму младоста и брзата игра можат да бидат наш главен адут. На пријателските натпревари пред Светското првенство игравме брз и модерен ракомет со многу голови. Нападот беше одличен против Хрватска и Израел постигнавме повеќе од 70 голови. Треба да се знае дека и во подготовките бевме без Филип Талески и Никола Митревски за кои се очекува да бидат едни од нашите најважни играчи на овој Мундијал.

Кога е Норвешка во прашање тие добија добра вест со тоа што Сандер Сагосен ќе биде спремен за настап. Во Кил Сагосен заработи тешка повреда и првичните информации беа дека ќе го пропушти овој голем настан, сепак тој е на располагање на селекторот. Тука се уште Рајнкид исто така од Кил, Јоханесен и Род од Флензбург, О’Саливен од Магдебург…

Нема дилеми дека Норвешка ја има фаворитската улога, меѓутоа ние сигурно нема да излеземе со „бело знаме“ и ќе се обидеме да изненадиме.

Натпреварот се игра вечерва од 20:30 часот и ова е единствениот натпревар за нас во оваа прва фаза од овој термин. Следните два натпревари во недела (Холандија) и вторник (Аргентина) ги играме од 18:00 часот.

Стојановиќ: Македонија има квалитет да се надигрува со секој противник на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот