Стартува новата сезона во АБА 2 лигата, овој пат на МЗТ Скопје друштво му прави Пелистер 

МЗТ Скопје и Пелистер се македонски претставници во АБА 2 лигата оваа сезона/ фото: КФСМ

Со вечерашниот натпревар на МЗТ Скопје против Младост Земун (18 часот), македонските екипи ја започнуваат новата сезона во АБА 2 лигата.

Покрај освојувачот на двојната круна, Македонија во регионалното натпреварување ќе има уште еден претставник, тоа е екипата на Пелистер која своето деби ќе го има утре против Ловќен. Мината сезона покрај МЗТ Скопје, учествуваше екипата на Работнички. 

И новата сезона ќе се игра „турнирски“, односно регуларниот дел ќе се одигра на неколку турнири, првиот домаќин е Златибор каде ќе се одиграат првите три кола. Вториот турнир ќе се игра во Осиек (8.11-12.11), третиот во Сараево (12.12-19.12), домаќин на четвриот турнир ќе биде Бања Лука (17.1 2022 – 23.1 2022), додека последниот турнир ќе се игра во Широки Бријег (21.3 2022-27.3 2022), по што ќе следува разигрувањето за титулата.

Прв противник на „металците“ е екипата на Младост (18 часот),овие две екипи играа меѓу себе и минатата сезона во АБА лигата и тоа во четвртфиналето од плеј-офот. Првиот натпревар заврши со триумф на Младост од 95:75, додека МЗТ Скопје славеше во вториот дуел со 92:86 но тоа беше недоволно за пласман во полуфиналето од плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот