Стартот на Бундеслигата сепак без гледачи

Градоначалникот на Минхен одлучи на првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата помеѓу Баерн и Шалке кој треба да се игра утревечер, сепак нема да има гледачи.

Причината за ваквата одлука е градоначалникот се зголемениот број на позитивни лица на коронавирус, денеска се регистрирани 151 лице кои се позитивни на ковид-19.

Првично беше одобрено на „Алијанц“ Арената да има 7.500 навивачи кои ќе ги почитуваат строгите епидемиолошки мерки, но во последните недела дена бројот на заразени во Минхен на 100.000 лица порасна за 48 проценти што е над дозволениот лимит кој изнесува 35 проценти на 100.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот