Старите пајташи повторно ќе јаваат заедно или уште еден пукнат балон?

Џабир Дерала / Фото: СП. архива

Честито Влада! Мицкоски го прифатил премиерот на Ахмети, се согласил на Северна, законот за јазици и договорите со Бугарија и со Грција?

Честито Влада! Мицкоски го прифатил и признал името Северна Македонија, Договорот со Бугарија, Договорот со Грција, Законот за јазици, па згора и ги убедил сите свои 44 пратеници, па дури и двајцана од Левица, да гласаат за премиерот на Ахмети!

Наводно, старите пајташи повторно ќе јаваат заедно – ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле да формираат влада, објавија куририте на албански, а потоа ги пренесоа куририте на македонски јазик.

Пред некој ден, пробниот балон на кујната на ДУИ, дека со СДСМ е договорено да има двајца премиери, Македонец и Албанец, пукна за само неколку часови. Но, сега имаме нова ситуација, влада формираат Христијан и Али.

ОК, сериозно… За најновиот балон, дури и од едно вемеро одговориле дека не коментираат вести од непроверени извори. Очигледно и самиот Мицкоски бил изненаден од веста дека успеал да направи договор за Влада со помалку од 61 пратеник.

Навистина, дури и да паднал ваков договор, единствениот резултат ќе биде старите другарчиња да јаваат заедно само во опозиција.

Мицкоски и онака е на тешки маки да ги задржи сите 44 пратеници. Не сакаат сите да бидат во губитничкиот тим. Особено ако за тоа мора да проголтаат толкава кнедла и да гласаат за премиер наметнат од ДУИ. Исто толку неверојатно е и за Ахмети да ги задржи своите 15 пратеници за коалицирање со вемерето.

Оваа „вест“ навистина ги засени сите други. Но, нема да ги оставиме без коментар веќе со следното еспресо!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот