Стапи во сила новиот Закон за сообраќај: Намалени казни, но и повеќе можности за одземање возило или дозвола

Сообраќај / Фото: Архива на Слободен печат

Во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот МВР уште во 2019 година изготви предлог-измени на постоечкиот Закон за сообраќај, кои конечно добија зелено светло од народните избранициВо новиот текст акцентот е ставен на намалување на висината на казните, поради усогласување со веќе усвоениот нов Закон за прекршоци, како и на засилување на одредбите што им даваат поголеми овластувања на сообраќајните полицајци доколку утврдат прекршување на правилата.

Сепак, казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Казната за физичките лица можат да бидат и поголеми од 250 евра доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.

Возилото ќе се одзема на три месеци и ако не е регистрирано или пак создава голема бучава, а на три дена во случај да е неисправно. Па така, сообраќајната полиција ќе може веднаш да отстрани возило од сообраќај, односно да ги одземе табличките, доколку констатира неисправност. Ваквите возила полицијата ќе може да ги задржи три месеца.

Во измените се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Што се однесува до намалувањето на висината на казните за дела што не се животозагрозувачки, за непрописно престигнување казната се намалува од 300 на 250 евра, а исто и за возење во еднонасочна улица. За некористење на трепкачи, ќе се казнува со 35 евра. Ако не се вклучени соборните светла преку ден казната ќе биде 15 евра, а за незапалени светла навечер – 35 евра.

Согласно новиот закон улогата и задачата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој случај е да ги информира учесниците во сообраќајот за сите новини кои што се настанати и да ги советува за нивно почитување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот