Стадионот „Птичје гнездо“ единствен во историјата на кој ќе се одржи церемонија на отворање на ЗОИ и на ЛОИ

На стадионот „Птичје гнездо“ во 2008 година се одржа свечената церемона на отворање на Летните Олимписки игри/ фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Олимпискиот стадион во Пекинг “Птичје Гнездо” ќе биде првиот стадион во историјата на кој ќе се одржат церемонија на отворање и на Летни и на Зимски олимписки игри.

Директорот на церемонијата на отварање на Олимписките игри и во 2008 и на Зимските во 2022, која ќе започне во 13 часот по средноевропско време е Џанг Јиму, кој ги осмисли и двете церемонии.

Во 2008 година, најдобриот кинески гимнастичар, Ли Нинг (три златни олимписки медали) “леташе низ воздухот“, се до покривот на стадионот каде што го запали Олимпискиот факел.
Пред четити години, олимпискиот првак во уметничко лизгање, Јуна Ким, го запали Олимпискиот пламен, на ЗОИ Пјонгчанг 2018.

Парадата на нациите на отварањето на ЗОИ ќе биде според кинеските знаци, но спортистите на Грција ќе бидат првите кои ќе влезат на Олимпискиот стадион. Градот Милан Кортина е следен домаќин на ЗОИ во 2026 година и затоа Италија ќе биде претпоследната олимписка делегација која ќе влезе на Олимпискиот стадион Птичје гнездо. По нив, на крај, ќе следат кинеските спортисти.

На церемонијата на отварањето на ЗОИ, Дардан Дехари ќе го носи македонското знаме, додека Ставре Јада и Ана Цветановска, заради близок контакт со позитивно лице на КОВИД-19, ќе го проследат отварањето на ЗОИ во Пекинг од Олимпиското село. Тие не се во карантин и со нетрпение го очекуваат почетокот на своите натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот