Стабилно и релативно топло време до понеделник

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од државата ќе биде претежно сончево, освен в сабота кога облачноста ќе се зголеми. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет.

Како што соопшти УХМР, утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура. Минималната температура ќе се движи од -4 до 2, а максималната од 9 до 17 степени.

Вo Скопје ќе биде магливо и тивко.

За викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната од седум до 15 степени.

В понеделник ќе биде променливо облачно, по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од -4 до 3 степени, а максималната температура од осум до 16 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот