Српски автобус целосно изгорел во близина на Салцбург – Слободен печат
ВестиРегион

Српски автобус целосно изгорел во близина на Салцбург

Патниците успеале навреме да излезат од автобусот.

Српски автобус кој се обраќал на линијата Прокупље-Минхен изгорел во близина на Салцбург..

Во пожарот целосно изгорел автобусот од Куршумлија, пренесуваат локалните медиуми и додаваат дека несреќата се случила на автопатот А8 кај местото Холкирхен, по што истиот бил затворен на неколку часа.

Патниците успеале навреме да излезат од автобусот, но возачот морал да биде транспортиран во болница поради гушење од густиот чад, предизвикан од пожарот.

Според податоците на полицијата од Холкирхен, автобусот бил сосема нов.

„Невообичаено толку нов автобус да има таков дефект“, соопштиле од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close