Среќен крај на драмата во Косово: извлечени 123 рудари заробени во рудникот Трепча откако гром ја исклучи струјата

Фото: Ал Џазира Балканс / принтскрин

Рударите кои беа заглавени во косовскиот рудник за јаглен Трепча поради прекин на снабдувањето со електрична енергија, се извлечени попладнево, откако беше саниран дефектот предизвикан од удар на гром во дел од системот за електрична енергија, јавија локалните медиуми.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди претседателот на Синдикатот на рударите на Трепча, Гани Османи.

– Извлечени се сите рудари и нивната состојба е добра, изјави Османи.

Вкупно 123 рудари од прва смена, кои работат од седум до 14 часот, пред завршувањето на работното време останаа заглавени во хоризонтите 9, 10 и 11 на рудникот, откако гром уништил неколку изолатори во електричната мрежа.

Веста дека сите се излезени и дека нема повредени, за порталот „Газета експрес” ја потврди и директорот на рудникот, Енис Абдурахмани, нагласувајќи дека ситуацијата сега е целосно нормализирана.

– Точно е, излегоа сите рудари, а сега влегуваат и работниците од втората смена, за да продолжат со работа. Сé е во ред сега, изјави Абдурахмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот