Средношколци од „Никола Карев“ го дотераа дедо Исмаил, локален бездомник

Чичко Исмаил/Фото: Скопје Инфо
Чичко Исмаил/Фото: Скопје Инфо

За добрите дела, далеку се слуша, а најубаво е и да се напише за да се потсетиме на солидарноста во вакви тешки времиња.

Кој прошетал низ Лептокарија во Скопје, можеби го затекнал овој човек. Дедо Исмаил е речиси 40 години бездомник. Тој постојано се „вртка“ околу гимназијата „Никола Карев“, во придружба на своето куче. Истоштен, стар, полуслеп, овој човек е речиси приказ на една тажна судбина која секојдневно ни поминува пред очи.

Но, како што пренесе една професорка од ова средно училиште, децата направиле подвиг со кој ја враќаат вербата во човештвото, пишуваат од  „Скопје Инфо“.

Тие му оставаат сендвичи, храна, која ја дели половина со неговиот верен другар, кучето.

Учениците од Карев разговарале со него за животот, здравјето, потребите. Скромен, Исмаил вели дека не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко, Каревци го однеле во првата берберница каде го избричија и дотераа тамошните вработени.

„Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни!“ – сподели професорка од ова скопско средно училиште.

Секоја чест, ученици!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот