Средби на Бајден со Сунак и Албанезе

Џо Бајден Фото EPA-EFE/LAVANDEIRA JR.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Сан Диего, Калифорнија, ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак и неговиот австралиски колега Ентони Албанезе, за да разговараат за безбедносниот сојуз АУКУС, соопшти Белата куќа.

Сојузот, чие име доаѓа од комбинација на акронимите на трите земји, постои од 2021 година и има за цел да и овозможи на Австралија да набави подморници на нуклеарен погон за да ја зајакне безбедноста и способноста за воено одвраќање во Индо-Пацификот.

Според безбедносните експерти, сојузот е насочена против потенцијалната закана од Кина. Австралија планира нова воена база за нуклеарни подморници на нејзиниот источен брег. Веќе има база на западниот брег. САД имаат големо воено пристаниште во Сан Диего.

Франција ја налути новиот сојуз бидејќи поради АУКУС пропадна договорот за испорака на подморници за Австралија во вредност од 56 милијарди евра.

Партнерите на АУКУС минатата година најавија дека сакаат поблиска соработка и на полето на кибер – безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот