Србите ПОЛУДЕА по девојката што тверкаше среде улица во Белград (ВИДЕО)

Instagram

Во Србија на социјалните мрежи вистинска сензација стана девојката која сред Белград го запре сообраќајот.

Изминативе неколку дена во главниот град на Србија се случуваат протести на таксистите, а девојката не се нашла таму случајно.

„Јас имам 32 години и има луѓе кои мислат дека ги искористив моите 5 минути слава за да го тресам задникот пред колоната таксисти. Она што луѓето не го знаат е дека снимав видео клипови за групата „Џанс“. Идејата беше да се снима сцена што ќе биде ефективна и ова беше идеална можност“, изјави Зорица Антиќ, која има танчерска кариера од 25 години зад себе и последните 10 години ги учи на тверкање учениците кои се заинтересирани за таква професионална кариера.

https://www.instagram.com/p/B3Hh01Ejbf8/

На Инстаграм ја следат дури 50.000 луѓе кои се запознаени со нејзините вртоглави танчерски способности, но како што самата рекла, „тие самите не знаеја колку е луда“. Реакциите на луѓето беа поделени. Додека некои белграѓани аплаудираа, други изјавија дека таа се обидела да ја достигне својата слава од 5 минути и преку учество во некои реални шоуа.

„Младите ме сакаат и знаат со што се занимавам. Не обрнувам внимание на незадоволните жени и хејтерите кои на мојата дисциплина гледаат со понижување и потсмев. Имаше многу баби и дедовци кои ми прокоментираа дека прекрасно играм. Не, ова не беше обид да бидам земена во некое реално шоу“, кажа Зорица која предходно има учествувано во шоуто „Пинкови ѕвезди All Talents“.

https://www.instagram.com/p/B19gL4LjxwT/

Зорица поминала низ различни фази во својата кариера – од џез балет, преку навивање, до тверкање, а не сака да биде етикетирана како „тресачка на задник“.

„Завршив на ДИФ, образована сум. Јас сум професионален танчер и не ги сакам луѓето кои не гледаат подалеку од социјалните мрежи. Јас и моите ученици во училиштето знаат која сум и што сум“, заврши Зорица.

View this post on Instagram

Od nakita uglavnom nosim osmeh, onaj najveći! 🙂

A post shared by Zorica Antić (@low_z_official) on

Инаку Зорица има соработувано и со ДНК за нивниот спот „Ромео и Јулија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот