Србиновски останува и следната сезона на клупата на Гостивар

фото: Фејсбук/КК Гостивар

Екипата на КК Гостивар по денешната промена на челната позиција, донесе уште една важна одлука за екипата, Марјан Србиновски и во следната сезона ќе биде главен тренер.

Поранешниот селектор имаше понуди од неколку екипи, но на крајот одлучи да ја прифати понудата на Гостивар и во наредната сезона да ја предводи екипата од клупата.

„И во новата сезона со истиот предводник! И покрај повеќето понуди, Марјан Србиновски останува лојален на КК Гостивар за да го продолжи тоа што го започна во својот роден град, а можеби и да биде предводник на нешто многу поголемо оваа сезона“, објави КК Гостивар на официјална фејсбук-страница.

I vo novata sezona, so istiot predvodnik! I pokraj poveketo ponudi, Marjan Srbinovski ostanuva lojalen na KK Gostivar za…

Publiée par KK Gostivar 1954 sur Mardi 2 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот