Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Србија против Унгарија за златниот медал на Европското првенство во ватерполо

Ватерполистите на Србија и Унгарија денеска од 20.30 часот ќе се сретнат во финалето на Европското првенство во Белград. Претходно од 17.00 часот за бронзата ќе играат Италија и Грција во српскиот главен град.

Европското првенство во ватерполо, 37-мо по ред и трето во Белград, стигна до самата завршница. Србија ќе има можност да се врати на европскиот трон по осумгодишна пауза пред домашната публика, додека Унгарија го брани својот статус на најуспешна репрезентација во историјата на континенталните првенства.

Белград повторно го потврди својот статус на еден од светските центри во ватерполо. По незаборавните првенства во 2006 и 2016 година, кога светскиот рекорд за посетеност на „Белградска арена“ беше соборен во финалето со 18.473 гледачи, главниот град на Србија повторно ги оправда високите очекувања на публиката и љубителите на ватерполо и беше домаќин на 16 од најдобрите селекции на Стариот континент.

Дополнително, финалето претставува ново поглавје во големото ривалство помеѓу двете репрезентации што ја одбележаа историјата на ватерполото. Србија, актуелниот олимписки шампион, и Унгарија, повеќекратни европски и светски шампиони, ќе се борат за титулата во натпревар кој ветува врвен квалитет и голема неизвесност.

Унгарија – најтрофејниот европски тим во потрага по ново злато

Унгарската репрезентација влегува во финалето на Европското првенство како најтрофејниот тим во историјата на континенталното ватерполо, со вкупно 13 златни медали. Унгарците сè уште го држат рекордот по бројот на освоени титули, а нивната доминација со пет последователни титули го означи самиот почеток на Европското првенство.

Србија повторно во борба за европско злато

Српската репрезентација влегува во финалето на Европското првенство како една од најуспешните во историјата на ватерполото, со богата традиција, но и силен мотив да се врати на европскиот трон по осумгодишна пауза.

Неверојатната серија од девет последователни пласмани на подиумот беше прекината во Будимпешта 2020, кога беа поразени од Шпанија во четвртфиналето по изведувањето на пенали и го завршија натпреварувањето на петтото место. Дотогаш, Србија освои седум од претходните девет европски првенства, а откако се врати на сцената во 1997 година, 10 пати беа меѓу освојувачите на медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот